Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски, Илија Димовски и Антонијо Милошоски повикаа да се заштити Општина Дебрца од намерата за изградба на регионална депонија во реонот на селото Годивје.
Во соопштение тие наведуваат дека се работи за еколошки најчистата средина во Република Македонија и, оправдувајќи го револтот на тамошните граѓани, повикуваат да се најде друго, соодветно, еколошки и економски оправдано решение.
– Неразумно и недозволиво е во еколошки најчистата средина во Република Македонија да биде собиран отпад од целиот Југозападен плански регион и таа да биде центар за собирање отпад од други осум општини: Струга, Дебар, Охрид, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Центар Жупа, Вевчани. Недозволиво е на најмалиот создавач на отпад да му изградите фабрика за загадување. Наместо да се почитува, негува и поддржува еколошкиот лидер, со ваков чекор тој се погубува. Недозволиво е друг да носи одлука за општината спротивно на волјата на нејзините граѓани, пишува во повикот на тројцата пратеници.
Според нив, Министерството за животна средина треба да го поттикнува јакнењето и унапредувањето на меѓуопштинската соработка, а не да создава нетрпеливост и тензичност меѓу нив.
– Нема да дозволиме реализација на овој непромислен и од многу аспекти неоправдан проект, искористувајќи ги сите начини и механизми кои како на пратеници ни стојат на располагање, пишува во соопштението на Вељаноски, Димовски и Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст