| четврток, 6 декември 2018 |

„Го изневерив, јас го охрабрив да се самоубие“, порака на сопругата на пејачот еден час по самоубиството (Фото)

Водачот на „Линкин парк“, Честер Бенингтон вчера е пронајден обесен во својот дом во Лос Анџелес.

Честер, кој имаше 41 година, зад себе остави шест деца и сопруга, Талинда Бенингтон за кој моментно зборува целиот свет поради скандалозните пораки што се објавени на нејзиниот профил на „Твитер“. Пораките се толку страшни што светските медиуми во своите текстови наведуваат дека се надеваат дека нејзиниот профил е пробиен, пораките се напишани еден час по неговата смрт.

Првата информација се однесува на начинот на кој Честер починал. Талинда го напишала следново:

– Тој не се самоуби, беше мртов пред да се обеси, имам докази.

По тоа веднаш твитовите се избришани, но следувале нови два!

– Мајк беше подобар по мое мислење – напишала Талинда.

И уште еден последен:

– Јас го охрабрив да се убие, му реков дека на никој не му е гајле.

Шокантите пораки потоа се избришани, светските медиуми и обожаватели на Честер веруваат дека станува збор за пробиен профил, иако во еден твит се нагласува дека не е така.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top