Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска дојде во Апелација, каде на јавна седница треба да се разгледуваат жалбите на дел од обвинетите и жалбите на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“.
Според информациите од Судот, Специјалното јавно обвинителствои (СЈО) носи заклучоци, иако не е потврдена основаноста на нивното обвинение, со што што постои масовна повреда на правото од страна на СЈО во случајот „Титаник“
Обвинителот на СЈО, објави дека Груевски не се одзивал на поканите на СЈО, на што одбраната реагираше дека се работи за неточна информација и карикирање со правото. Груевски се одзвал на сите покани на СЈО кои што ги примил.
Од друга страна, СЈО не го овозможило барањето на одбраната да направи увид во доказите. Груевски бил присутен на сите рочишта и на Суд секогаш бил кооперативен, што се потврдува и со судењето за случајот со општина Центар.
Инаку, според најавите на денешните седници во Судот ќе се разгледуваат жалбите на СЈО и на обвинетите во „Титаник“ и за поранешните министри М.Ј. и Г.Ј. како и М.П. и К.Б.
Седниците се закажани откако СЈО за случајот „Титаник” се жалеше на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 со која на обвинетите им беа определени мерки на претпазливост. Жалби на одлуката на првостепениот суд поднесе и одбраната на обвинетите. Судот има рок од 48 часа да донесе одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Притворен Сашо Мијалков по барање на СЈО
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот за случајот „Империја“