| четврток, 6 декември 2018 |

Родител на дете со посебни потреби: За лицата со посебни потреби нема план, важно за имигрантите има

Зоран Мијалков, родител на дете со посебни потреби и еден од организаторите на протестите во паркот „Жена-борец“ на својот Твитер профил изрази незадоволство од тоа што за лицата со посебни потреби нема план.

„Епа за лицата со посебни потреби нема план, важно за имигрантите има. Убавина“, напиша Зоран Мијалков на социјалните мрежи.

Граѓанската иницијатива „5 до 12“ вчера на прес-конференција во паркот „Жена-борец“ каде кампуваат ги изложи нивниот своите барања.

-Лицата со посебни потреби да бидат приоритет во програмата на Владата и во работата на Собранието, да бидат приоритет при креирањето на буџетот на Република Македонија и буџетите на општините, граѓанскиот сектор да биде вклучен во креирањето на политиките кои се однесуваат на овие лица, во изнаоѓањето решенија за подобрување на нивниот живот и во имплементацијата и супервизијата на проектите, велат од Граѓанската иницијатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top