| четврток, 6 декември 2018 |

Шведскиот амбасадор Вахлунд може да добие тужба за мобинг?

Човекот  кој што пред неколку дена имал обврска за време на прошталната забава на Шведскиот амбасадор во Македонија да го глуми Прометеј облечен во пелени размислува да го тужи амбасадорот Вахлунд за мобинг и манипулација дознава „Република“ од негови блиски.

Откако и покрај маската тој бил препознаен не само од присутните на забавата туку и од поголем број други лица по што почнале да пристигнуваат критики и шеги на негова сметка лицето размислува да започне процес против Амбасадорот и вработени во Шведската амбасада кои што според него го натерале на забавата да го глуми Прометеј.

Лажниот Прометеј не бил свесен дека со шегата нарачана од Шведската амбасада може да предизвика гнев во јавноста и жали што бил злоупотребен од Шведскиот Амбасадор. Притоа амбасадорот Вахлунд направил манипулација врз него и поради тоа што ветил дека се работи за интерна забава за која јавноста нема да дознае но сепак на крајот Амбасадата не спречила објавување на фотографии од забавата.

Амбасадорот Вахлунд сеуште не го искоментира скандалот кој што беше остро критикуван од здружението Бедем од каде бараат во име на сите македонските бранители, тој јавно да се извини поради своето навредливо однесување кон Македонија.

Вахлунд пред да пристигне во Македонија беше Амбасадор во Албанија и во дипломатските кулоари важи за силен поддржувач на Албанското лоби во регионот.

Фото Нова ТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top