Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 35 степени.
До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ-индексот повторно ќе има многу висока вредност 9. За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја. Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст