Либерализацијата на пазарот со струја нема да почне на први јули, како што беше предвидено. Причина за одложувањето е можноста од поскапување на струјата за домаќинствата и за стопанството, што според министерот Ваљон Сарачини, Владата нема да го дозволи.
-Последните анализи на Министерството за економија, јасно и прецизно се гледа дека со избрзани одлуки и од неподготвени анализи може лесно да дојде до поскапување на струјата и тоа за дури 20 проценти за индустријата и дури 25 проценти за домаќинствата. Како влада нема да го дозволиме тоа без дополнителни анализи, додаде министерот Сарачини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


