| четврток, 6 декември 2018 |

Глупавиот и поглупавиот одлучуваат за Македонија!

ЗОРАН ЗАЕВ МОРА ДА СИ ОДИ!

Алдо Климан

По невидената хистерична трчаница на чудното друштвенце македонски неморални фрикови Зоран Заев и Никола Димитров во Софија и по нивните тајни разговори за потпишување уште потајни предавнички договори со тамошните неморални бугарски фрикови, од непознати причини рејтингот на филмот ”Глупавиот и поглупавиот” нагло скокна во Бугарија, а наеднаш до екстаза низ таа татарско-источнобалканска земја се расприкажаа секакви вицови на сметка на Македонците. Ок, добра работа е што Македонците се ведар и духовит народ и знаат да ги примаат шегите на своја сметка, па дури и тогаш кога се сосема несмасни и здодевни, како што беа овие последниве што ги лансираа „братјата” Бугари.

Но, додека сме кај категоријата Глупост, да го речеме и ова: ако ние Македонците сме биле Бугари, како што тврдат Бугарите, тогаш тие вицови всушност се исмејување на сопствениот бугарски народ. Толку им фаќа умот. Но се чини, како што библискиот предавник на македонскиот народ Зоран Заев и највисоките бугарски лидери многу длабокоумно научно-политички заклучија и тоа ни го докажуваат, ние навистина и сосема непобитно имаме заедничка македонско-бугарска историја, и тоа во правење вицови и заебанции едните за другите. А тоа секако треба да влезе во новите бугарски егзархиски учебници и лектири што ќе ги пишуваат, што ќе ги печатат и што низ Македонија ќе ги дистрибуираат Бојко Борисов, Екатерина Захариева, Зоран Заев и Никола Димитров.

Токму затоа, во контекстот на овие актуелни меѓународни и внатрешни македонски свинштини и тотално лудило на што сведочиме околу супертајното потпишување на супертајниот предавнички договор за соработка со Бугарија, приложувам и еден краток македонски супервиц на сметка на Бугарите на кој, длабоко верувам, и тие самите како многу духовит и разбран народ слатко ќе си се насмеат, како што впрочем се смееме ние Македонците, а богами и цела Европа.

Вицот оди вака:

Еден Бугарин и’ се фалел на една убавица од соседната земја дека како машко имал многу голем аргумент. Убавицата му рекла: „Добро де, покажи го”. Бугаринот се истопорил како прч и и’ го покажал, а таа – леле! – имала што да види – само едно малечко црвче. ”Абре, лудо будало, кого мислиш ти да задоволиш со олкацко аргументче?” – го прашала таа Бугаринот, а тој, самозадоволно застанат пред огледалото, и’ одговорил: „Па себе, душо”.

Е така е и со овој договор за соработка помеѓу Македонија и Бугарија што деновиве треба да го потпишат Глупавиот и Поглупавиот, со соработниците Глупчо и Глупча. И тој договор, драги Македонки и Македонци, ќе биде само уште една историски, културолошки, политички, хуманистички и добрососедски безвредна хартија, со „аргументчиња” како во вицот за Бугаринот со божемниот голем аргумент, и ќе им служи само на здодевните и безидејни бугарски политички елити и на бугарските квази-историчари во наредните 140 години, како и во случајот на тотално промашениот, фантазмагоричен и пропаднат Санстефански договор, да си се самоизмамуваат и пред огледало да си се самозадоволуваат со сопствените бугарски лаги и хагиографски конструкции и глупости. На бугарскиот и на македонскиот народ овој и на овој начин заклучен договор нема да им донесе ништо добро, туку само уште повеќе недоверба, сомнеж, нетрпение, па и омраза.

Тој договор, подготвуван во најидиотска конспирација и дискреција, како да се во прашање Черчил, Рузвелт  и Сталин на Јалта, а не два соседни народа во третиот цивилизациски милениум, веќе во моментов, и пред воопшто и да биде потпишан, а така ќе биде и по неговото донесување, е апсолутно неважечки за македонскиот народ, а сосема бескорисен за бугарскиот.

Како и сите други договори што во историјата на сличен начин и под слични изнудени услови ги потпишале гангстерските марионетски влади во светот, така и овој договор на кој свој потпис ќе стави најодиозниот современ квислинг во срцето на Европа во 21 век Зоран Заев, набргу ќе биде и официјално поништен и фрлен на ѓубриштето на историјата.

Се прашувам само што и’ треба на Бугарија таква меѓународна бламажа, кога веќе Република Македонија е осудена да има таков политички херпес на местото премиер?

Значи, се очекува од македонска страна договорот да го потпише човек што е апсолутно евидентно осведочен и документарно потврден криминалец (повторувам по којзнае кој пат: погледнете го на интернет филмот „Зоран Заев бара поткуп”). Како и да се дограбил до власта, еден криминалец не може да го претставува македонскиот народ во најсветите национални прашања.

Потписникот од бугарска страна, пак, веројатно бугарскиот премиер Борисов, иако сега тоа веројатно му се чини политички многу мудро и секако забавно, ќе биде недвосмислен соучесник во една сосема дубиозна и срамна меѓународна политичка зделка, направена со докажано кримогено лице.

Нашето национално име Македонка и Македонец, името на македонскиот народ со сите наши почитувани народности и името на нашата единствена татковина Република Македонија, нашата национална култура, нашата засебна и тегобно создавана национална историја, нашиот национален идентитет, посведочен и во нашиот преубав македонски јазик, еден од најстарите и најизворни јазици во словенскиот свет – тоа се нашите најголеми универзални човечки права и вредности!

Со тие наши најсвети нешта нема и не може да има тргување и компромис!

ЗОРАН ЗАЕВ, ОДИ СИ!

ДОСТА ГО МАЛТРЕТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top