| четврток, 6 декември 2018 |

Партиски совет за партиски сатар врз судството

  1. Од денеска на јавноста ѝ се познати членовите на Советот за реформи, кој треба да го „реформира“ правосудниот систем во земјата. Најголемиот дел од членовите на Советот кои ќе го „реформираат’“ судствот се истакнати партиски експонати на СДСМ и Зоран Заев, кои треба да ја протуркаат неговата намера за целосен реизбор на судиите која ќе доведе до целосно партизирање на македонското судство.

 

Меѓу членовите на Советот се најде Љубомир Фрчкоски, кој беше исклучително активен и влијателен актер во времето кога за прв пат во Македонија е изведена една ваква политичка операција. Политичкиот реизбор на шестотини и педесет судии во Македонија се случи во 1996 година и остави длабоки последици врз македонското судство и практично ја урна третата власт во Македонија. Во тоа време Љубомир Фрчкоски беше министер за надворешни работи во тогашната влада на СДСМ. Освен тоа Фрчкоски во 2009 година беше и кандидат на СДСМ за претседател на државата.

Реизборот на судиите не е единствена дамка на кариерата на Фрчкоски, неговиот морален кредибилитет е практично еднаков на нула и неговиот вулгарен речник е она по што е најпрепознатлив.

Во реакција на колумната на Фрчкоски, во која тој со нај вулгарен речник го навредува својот колега, професорот Камбовски, вели: „Кога тие доаѓаат од човек кој е, за жал, редовен професор на правни студии, а не е и не може во Одборот за акредитација и евалуација да биде акредитиран за ментор на докторски студии, зашто нема никаква релевантна научна продукција, работата е сосема јасна. За науката има вредност на „поништена таксена марка““.

Што најавува професорот Калајџиев: Ако треба, ќе паднат и жртви

Маргарита Цаца Николовска е уште еден истакнат партиски кадар на СДСМ. Таа своевремено го водеше Советот за политички системи на СДСМ и на јавноста ѝ е позната по жестоките напади кон ВМРО-ДПМНЕ, но не и по својата професионалност. Николовска само за примања по договор за повремена работа во 2014 година преку Македонскиот центар за европско образование земала десетици илјади денари. Таа за возрат беше најгласна против одлуките на Уставниот суд, оправдувајќи ги противправните дејства на СЈО на Катица Јанева и редица други непринципиелни акти во полза на СДСМ.

Од Советот за реформи дел е и Мирјана Најчевска, која учествуваше во Шарената револуција и фрлаше со боја на Собранието и полициската станица Беко. Таа истотака е позната по својата омраза кон ВМРО-ДПМНЕ како и кон сопствениот народ.

Од реформаторите на судството е дел и професорот Гордан Калајџиев истотака член на шарената револуција. Тој беше казнет со казна од 50 евра за фрлање со боја по државните институци, но нај скандалозни беа неговите закани по животот доколку не се прифатат барањата на шарената револуција цитирам ,,Ако треба ќе паднат жртви, шарената револуција е предупредување’’. За неговиот случај е многу интересно што тој лично учесвтуваше во повеќе експертски групи и во изготвување на огромен број на закони по кои во моментот работи судството. Дали ова значи дека професорот практично треба самиот себеси да се реформира?

Меѓу луѓето кои ќе го ,,реформираат’’ судството се најде и Наташа Габер-Дамјановска. Таа треба да спроведува Европски реформи во македонскотот судство, а во моменти на разочарување по неуспешниот избор за судија во европскиот суд за човекови права на својот фејсбук профил гневно напиша „За да не ме прашувате одделно, еве да ви кажам, Илиевски 106 гласа, јас 86 гласа. Премногу и од Европа“. Инаку нејзин брат е Виктор Габер, стар партиски кадар на СДСМ и своевремено кандидат за министер за надворешни во владата на СДСМ.

Наташа Габер – Дамјановска и Маргарита Цаца – Николовска

Карактеристично во целата ситуација е и огромниот број на Албанци судии анонимуси кои би требале да го реформираат судството небаре македонските судии немаат капацитет за реформи. Прашањето за правична застапеност го постави и професорката на Правниот факултет Каролина Ристова Астеруд. Симптоматичен е и огромниот број на партиски кадри и луѓе блиски до СДСМ кои наводно треба да го ,,департизираат’’ македонското судство. Дали СДСМ на своите платеници кои сиве овие години им остана верни и плукаа по владата на ВМРО-ДПМНЕ на овој начин им го испаќа долгот за нивната долгодишна послушност?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top