| четврток, 6 декември 2018 |

Порака од Струга за Заев „Ако се срами од патриотизмот, Заев се срами и од кичевчани и од стружани“

Граѓаните на Струга и Кичево се огорчени од изјавите на Зоран Заев дека коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево биле погрешен потег, пишува во изјавата на Ѓоко Илоски, секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга која ја пренесуваме во целост.

zaev vo alsat 1 Овие коалиции беа направени како резултат на желбата за заеднички настап и на членовите на СДСМ и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на сите граѓани на Струга и Кичево за одбрана на интересите на овие две општини и обезбедување нивен напредок.

За Заев погрешно е ако народот во Струга се здружи, за да си ги брани сопствените интереси, но не е погрешно ако другите го прават тоа.

Како е возможно Заев од една страна да повикува за градење на заеднички консензус на централно ниво, а притоа во општини каде што консензусот помеѓу СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ веќе постои, тој да го урива и да го нарекува погрешен. Тоа е крајно лицемерно.

Во Струга граѓаните покажаа што е патриотизам, да се брани интересот на својот роден град. А ако Зоран Заев се срами од патриотизмот, тогаш тој се срами од своите членови и граѓаните во Струга.

За Заев погрешно е да си патриот и бранител на сопствената држава и поредок, а  сите оние што ги дадоа животите и гордо застанаа на браникот на нашата татковина Македонија, не смеат да го добијат заслуженото, затоа што не требало да бидат патриоти, не смеело да чувствуваат љубов кон својата татковина.

заев големЗа време на народната коалиција Заедно за Струга, морам да кажам дека се функционираше беспрекорно, се во интерес на Струга,  се додека не се појави Заев.

Го прашуваме раководството на СДСМ во Струга, дали стојат сеуште зад договорот постигнат во пресрет на локалните избори за заеднички настап? Тој одговор го очекуваме и ние, но и граѓаните на Струга кои гласаа за да ги штитиме нивните интереси. Дали тие ќе останат да ги штитат заеднички интересите на граѓаните или пак ќе тргнат по стапките на Заев?

Ние сме убедени дека тие ќе останат на правата страна, затоа што се луѓе кои ја сакаат сопствената земја и ниту сега, ниту било кога во иднина ќе поминат ваквите изјави на Заев кои го понижуваат достоинството на стружани и кичевчини, како и на сите граѓани кои и мислат добро на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top