| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија без Теодор и без Крстевски на „Трофеј Македонија 2017“

Натпреварите против Словачка и оној првиот на домашен терен против Бугарија и служеа на сениорската репрезентација за создавање на првична слика за можностите како колектив. Селекторот Јорданчо Давитков ќе има уште еден сериозен тест по кој сликата за составот ќе стане појасна. Станува збор за турнирот „Трофеј Македонија“ кој и оваа година ќе се одигра во Скопје.

На ова издание, седмо во историјата на одржување досега, гости на нашата селекција ќе бидат репрезентациите на Босна и Херцеговина, Холандија и на Португалија, селекции кои како и нашата ќе се натпреваруваат во претквалификациите за Светското првенство 2019.

На овој турнир, Давитков дефинитивно нема да смета на услугите на Бојан Крстевски и на Џордан Теодор, а и настапот на Диме Тасовски е под знак прашалник.

– Резултатот секако нема да ни биде императив иако нема човек кој не сака да победува, јас особено сакам да победувам. На овој турнир ќе видиме поконкретно до каде сме со силите и што ќе се случува понатаму. Ако го изземеме резултатот, се надевам дека нема да имаме некои нови проблеми со повреди кои дополнително би нè извадиле од колосек. Теодор и Крстевски со повредите се „поштедија“ себеси од овој турнир, а ќе видиме и Тасовски колку ќе може да ни помогне, изјави Давитков за веб страницата на МКФ.

Распоред на натпревари:

20 јули, 2017 година (четврток)

18:00 часот Босна и Херцеговина – Холандија
20:30 часот Македонија – Португалија

21 јули, 2017 година (петок)

18:00 часот Португалија – Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија – Македонија

22 јули, 2017 година (сабота)

18:00 часот Македонија – Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија – Португалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top