На консултациите на владините коалициски партнери за антикризните мерки договорени се бројни активности за спас на српското стопанство, но и мерки за значително намалување на расходната ставка во буџетот. Единствено што е конкретно соопштено од средбата која завршила доцна во ноќта, е дека полнењето на фискалниот дефицит „нема да падне на грб на најсиромашните“.
Деталите за економските мерки ќе се усогласуваат следната недела, а владата соопшти дека е одлучна во намерата да ја сочува стабилноста на финансискиот систем па активностите се насочени кон зголемување на стопанските активности и животниот стандард.
Инаку сите политички партии во владејачката коалиција се сложни дека Србија е во економска криза заради „ неодговорното трошење и однесување на претходните власти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


