Г.М. од Скопје вчера попладне пријавил дека на земјениот паркинг зад хотелот „Стоун бриџ“, неговиот внук И.М.(20) со огнено оружје, најверојатно пиштол, пукал и ја погодил неговата мајка М.М. (сестра на пријавителот) во пределот на стомакот.
Повредената е пренесена во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде што ѝ е констатирана телесна повреда (расекотина на десниот дел од стомакот).
Извршен е увид на местото на настанот, на возилото забележани се оштетувања, а пронајдени се и подигнати четири чаури од огнено оружје за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.