Коњаниците што ќе учествуваат на 39. коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден ги почнаа интензивните тренинзи покрај кејот на Вардар, соопшти Општина Аеродром.
На „Илинденскиот марш 2017“, кој го организира здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат коњаници од 18 до 65 години, меѓу кои и една девојка.
Ним ќе им се придружат и коњаници од Маврово и од Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид. Маршот ќе почне од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево.
Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром, соопшти Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст