| четврток, 6 декември 2018 |

Цветковски: Општина Куманово овие 12 години потполно ја загуби довербата кај младите

Куманово е голем град и има голем потенцијал на млади луѓе кои имаат јасна визија и желба за активно учество и учење. Младите се едни од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ во сите досегашни програми со кои се труди да го унапреди нивниот развој во повеќе области, изтакна на денешната панел дискусија ,,ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: Локалната самопуправа во Куманово – пример за уназадување на општината“,  Марио Цветковски, членот на извршниот комитет на унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дискусијата за потребата на младите е еден од клучните моменти каде што со реална дискусија и искрен пристап се прави чекор понапред за подобрување на стандардот на младите граѓани на денешното современо општество. Токму затоа и унијата на млади сили-Куманово организира и дебати каде што младите дискутираат за подобрување на животот. ВМРО-ДПМНЕ секогаш имала позитивен пристап кон нашата генерација и ме радува фактот што покрај одличната посетеност на ВМРО-ДПМНЕ, има и одлична бројка на идеи која секоја се разгледува посебно. Што се однесува за животот во Куманово од сите претходни средби праксата покажала дека младите во Куманово ја загубиле вербата во локалните власти и не се задоволни од нивниот однос. За тоа говорат и бројките од последните избори кои се одржаа, многу млади луѓе на овие избори застанаа цврсто зад идејата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Цветковски.

Тој потенцираше дека за овие 12 години кај младите луѓе е креирано чувство на оддалеченост и не комуницирање со општината Куманово.

– Младите луѓе во нив не гледаат нешто што би ги мотивирало или со некоја поддршка да учествуваат во подобрување на овој град од аспект на музиката, културата и образованието. Граѓаните на Куманово има направено многу за Куманово, но се поставува прашањето што општината и локалната власт има направено за граѓаните? Куманово има многу успешни кадри од спортот, науката и културата, кумановци се едни од ретките кои имале свои крал, Карпош, свои воен командант кои помогнал во создавањето на Македонија која што ја имаме денес. За не интересот кои владее во Куманово сите сме сведоци и гледаме дека партиските обврзници и обврските на локалната власт ги оддалечија од граѓаните и ги оддалечија од она што им е основната должност и обврските кои што ги имаат кон народот, истакна Цветковски.

Тој рече и дека градот Куманово на еден начин стагнира и локалните функционери веќе немаат желба, креативност и немаат жар за издигнување на градот на едно повисоко ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top