Спортската понуда во Охрид ќе биде зголемена за пливачки маратон на 10 километри, кој ќе биде организиран под капата на Светската пливачка федерација (ФИНА) на 12 август. Со оглед што десеткилометарските маратони се натпреварувачка дисциплина на Летниот Олимписки игри во Охрид ќе допатуваат најдобрите 20-25 пливачи од светот.
Иницијатор за Олимпискиот пливачки маратон во Охрид е Александар Маленко заедно со Пливачкиот клуб Охридски Бранови, кој долго беше технички организатор на традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Олимпискиот пливачки маратон ќе се плива строго покрај брегот на Охридското езеро, што ќе понуди многу возбудувања и можност гледачите одблиски да ги видат најдобрите пливачи на светот. Еден круг ќе биде еден километар, а вкупно учесниците ќе треба да испливаат 10 кругови.
– Сега кога се официјализираше организацијата на маратонот сакам да им се заблагодарам на луѓето од Светската пливачка федерација (ФИНА), со кои отворено разговаравме околу сите детали и на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), кој логистички ќе не подржува максимално. Оваа моја идеја датира од 2004 година, односно веднаш по приклучувањето на десеткилометарскиот маратон во олимписка дисциплина – изјави Александар Маленко.
Премиерното издание на Олимпискиот пливачки маратон ќе биде подложено на тест од ФИНА. Позитивна оценка би значело добивање на дел од квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио за три години.
Организациониот одбор за првиот Олимпискиот маратон обезбеди парична награда од 3.000 евра во машка и женска конкуренција, а вети многу изненадувања до спонзорите кои ќе ги има во голем број.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напладне во Свети Наум ќе стартува 32-то издание на Охридскиот пливачки маратон
-
Поп Ацев четврти, Илиевски осми на ултрамаратонот во Аргентина
-
Точно на пладне: Започнува десеткилометарскиот олимписки маратон на Охридското Езеро
-
Охридскиот маратон и понатаму во календарот на ФИНА, ќе се плива на 19 август