| четврток, 6 декември 2018 |

Почина актерката Ангелина Иванова

Денес (вторник, 17 јули 2017) во 17:30 часот, на 89 годишна возраст згасна една од ѕвездите на Драмски од минатиот век, Ангелина Иванова, соопшти директорот на Драмски Роберт Велјановски,преку својот фејсбук профил.

Ангелина Иванова е родена на 21 март 1928 год. во Крушевац. Завршува трети клас гимназија во 1946 година. Работи на Куклената сцена, во Младинско-детскиот театар и Драмски театар Скопје. Во Драмски театар работи се до пензионирањето, каде одигра повеќе од 80 улоги.Селективна театрографија: Самовила Добрана (Волшебната гусла, 1954); Самовила Зеленка (Маѓепсникот од Оз, 1954); Смешко (Снежана и седумте џуџиња, 1954); Госпоѓа Бедвин/ Четврто сираче (Оливер Твист, 1954); Сојка (Шекерното дете, 1955); Султанија Бурдулбурдул (Аладин и волшебната ламба, 1955); Папагал Полинезија (Доктор Долитл, 1956); Оган (Волшебното килимче, 1957); Самовилата на убавината (Трнорушка, 1958); Елена (Кога бранот бучи, 1960); Вражалка/Дама/ Искуство (Авторбиографија, 1961) Госпоѓа Бамбли (Оливер Твист, 1963); Лај Му (Украдениот принц и Изгубената принцеза, 1963); Мирса (Бегалка, 1965);Жена (Богомилска балада, 1965); Госпоѓа Ерблеј (Кројач за дами, 1965); Баба (Дундо Марое, 1966); Марина (Бумеранг, 1969); Втората вештица (Макбет (1969); Шарлота (Оскар, 1970); Селанка (Богунемили, 1971); Костадинка (Свадба, 1972); Урганила (Јас, Клаудиј, 1972); Босица (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Црно срце (Најголемиот подвиг на витезот Сукало, 1974); Госпоѓа Травиќ (Нарачана комедија, 1974); Анѓа Врчек (Полнета птица, 1982).

“Велат дека сите ѕвезди, без разлика дали биле големи или мали, еден ден ќе згаснат! Нека ти е вечна слава!”, напиша Вењановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top