| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец дивеел во полициска станица

Полициски службеник во полициската станица Куманово ноќеска во 2.50 часот бил омаловажуван и навредуван од кумановецот Д.З. (31) кој бил приведен во станицата заедно со М.З.(39), исто така од Куманово, додека полицаецот вршел преглед и им наредил да извадат од џебовите се што имаат.

Во текот на ноќта, Д.З. агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници и поради обид за самоповредување, иако едната рака со лисици му била врзана за масата, неколку пати со главата удрил во масата.

Полициски службеник се обидел да го спречи да се самоповреди, при што Д.З. физички го нападнал, на начин што со левата рака го удрил во пределот на градите и притоа го фатил за службената униформа и почнал да го тегне. Со употреба на сила, Д.З. е доведен во послушна состојба и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top