Македонски државјанин загина во соораќајна незгода во Србија. Ваквата информација ја потврди портпаролот на Итната медицинска помош во Србија.
-Друг е повреден кога рано утрото се превртел камионот со кој патувале на автопатот кон Ниш, во близина на Врчин – изјави порпаролот на Итната помош во Србија, Нада Мацура.
Во изјава за Танјуг, Мацура изјавила дека сувозачот, стар 28 години, загинал, а 34-годишниот возач на камионот е тешко повреден во несреќата која се случила околу пет часот утринава кај бензиската пумпа “Елп”, во близина на Врчин.
Возачот со тешки телесни повреди веднаш е пренесен во салата за реанимација во Ургентниот центар во Белград, а на местото на несреќата увид извршила полицијата и истражен судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.