Грчките спасувачи вчера попладне најпосле стигнаа до 30-годишниот романски алпинист, кој од саботата беше заглавен на карпа на 2.800 метри надморска височина, откако се изгубил при искачување на планината Олимп.
Локаланите власти соопштија дека тој бил во добра здравствена состојба.
Романецот во саботата вечер ги повикал спасувачките служби велејќи дека се заглавил на карпа и се изгубил додека се обидувал да стигне до врвот на планината.
Спасувачка екипа стационирана на планината веднаш почнала да го бара алпинистот, но нивните напори во голема мера беа попречени од лошите временски услови и ниските температури, кои доведоа и до провејување на снег на Олимп во понеделникот, но и од недостапниот терен каде се наоѓал алпинистот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст