Македонската младинска ракометна репрезентација со победа ги стартуваше настапите на Светското првенство во Алжир. Момците на селекторот Илија Темелковски со убедливи 7 гола разлика ја (29-22) ја совладаа големата Русија, а капитенот на тимот, Филип Талески вели дека долгата анализа на противникот беше одлучувачка за оваа историска прва победа.
– Долго време ја анализиравме играта на Русија и тоа позитивно влијаеше на нас. Успеавме да ги затвориме нивните најдобри играчи, а тоа беа бековите. Не примивме многу голови од страна, а цели 60 минути одигравме цврста и квалитетна одбрана. Во првиот дел нападот не беше на ниво, игравме во грч и не реализиравме многу зицери. Во второто полувреме иако имавме лош старт, во продолжение покажавме дека знеме да одиграме квалитетен напад и со брзи додавања ја изненадивме руската одбрана. Во тој период и нашите голмани се разбранија, Томовски одбрани неколку клучни топки што дополнително ја крена атмосферата во тимот – вели Талески.
Ракометарот на Рајн Некар Левен на вчерашниот дуел беше еден од најдобрите во нашиот состав и зад своето име запиша 5 гола. Вториот меч од групата Ц, Македонија ќе го одигра утре против селекцијата на Буркина Фасо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.