| четврток, 6 декември 2018 |

Мажи, тие се идеални за врска: Жените во овие 3 хороскопски знаци никогаш не се љубоморни

Кога станува збор за љубомората, најмногу среќа имаат жените во овие 3 хороскопски знаци и, секако, нивните партнери.

Овен
За почеток, жените во овој знак не се љубоморни бидејќи љубомората е знак на несигурност, што тие одбиваат да бидат. Жените во овој знак премногу се зафатени со работа на себе, одење на забави и дружење со што поголем број на луѓе, за да имаат време за љубомора.

Стрелец
За овие жени со слободен дух е чудно ако воопшто сакаат да бидат во врска, а ако веќе се во врска, тогаш не се занимаваат со работи кои не се важни. Жените во овој знак живеат во моментот, а љубомората за нив би значела дека мораат да излезат од моментот, што никако не е опција.

Водолија
Жените во овој хороскопски знак знаат дека би се чувствувале ужасно ако некој го преиспитува секој нивен чекор и однос надвор од врската, па затоа ја почитуваат туѓата слобода. Тие се независни и фокусирани на себе, па љубомората поради нешто што прави некој друг едноставно не им е природна реакција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top