| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за тројца во случаите „Таргет“ и „Тврдина“

Апелациониот суд во Скопје попладнево соопшти дека донел одлука за притвор во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ прифаќајќи ја жалбата на СЈО.

-Апелациониот суд Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „ТАРГЕТ“ и „ТВРДИНА“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а према обвинетите Г.Г, Н. Б. и Т. Ј. заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top