| четврток, 6 декември 2018 |

21 годишник признал дека убил скопјанец кој се водеше како исчезнат

Полицијата уапси 21-годишник од скопско Кондово кој признал дека на 11 јули годинава убил 57-годишниот скопјанец во близина на селото. Убиецот бил приведен вчера и во полициска станица го признал убиството на Скопјанецот кој изминативе денови се водел како исчезнат.

Полицијата извршила проверка на местото каде што тој посочил дека се случило убиството и во близина на селото Кондово било пронајдено телото на убиениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top