На затворена седница на собраниската Комисија за надворешна политика, на која присуствуваат и Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи и претседатели на соодветни комисии, Зоран Заев ќе го презентира Нацрт-договорот за добрососедство на Република Македонија со Република Бугарија.
На почетокот на седницата беше постигнат договор меѓу премиерот Заев и пратениците од владејачкото мнозинство и пратениците од опозицијата по затворањето на седницата премиерот да го образложи Нацрт-договорот и пратениците да имаат увид во него.
Пред гласањето за тоа дали седницата да биде затворена или не претседателот на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски посочи дека членовите на Комисијата треба да добијат материјал па потоа да гласаат за предлогот дали седницата да биде отворена или затворена за јавноста. Трајко Вељаноски, претседателот на Комисијата за надзор над следење на комуникациите, рече дека треба да има некаков материјал за да се види степенот на доверливост и да може да се проверат сертификатите на присутните на седницата.
Премиерот Заев кажа дека потребно е да се отвори расправа за Нацрт-договорот во функција на градење заеднички национални консензуални политики од интерес за сите граѓани.
– Владата чувствува за потреба дека ова барање е интенција на опозицијата, а верувам и на сите во Парламентот е добронамерно. Сакавме овие прашања да ги отвориме на начин како што доликува, прво најважната институција Парламентот, после тоа би преминале на седница на Влада, потоа би ја информирале комплетно јавноста и ако се заокружат сите постапки во функција на позитивен аспект од оваа работа премиерот би ставил свој потпис, а секако Парламентот би го ратификувал договорот, рече Заев.
Тој додаде дека се очекува договорот да биде заокружен на 1 август. Барањето за затворена седница го засноваше на меѓународната Виенска конвенција, а исто така рече дека не би сакал да се наруши моментот на взаемно почитување со Бугарија.
Џафери беше на став дека материјал до пратениците може да биде доставен и откако се изгласа таа да биде затворена за јавност, а според договорот пратениците кои немаат безбедносен сертификат ќе потпишат соодветни изјави.
Затворената седница започна по проверката на безбедносните сертификати на пратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст