Актерката Меријем Узерли позната по улогата на Хурем Султан, сепак не боледувала од депресија, туку причината за напуштањето на снимањето на серијата Величествениот било нешто сосема друго- пари.
Узерли ненадејно го напушти снимањето и замина во Берлин наводно на лекување од депресија, но според турскиот весник Радикал, Узерли не била задоволна од тоа што продуцентите не и го исплатиле ветениот хонорар и покрај тоа што серијата заработила милион ипол фунти од продажба во арапските земји. Без хонорар останале и другите актери во серијата, освен Халит Ергенч, кој го толкува Величествениот.
Хурем збеснала кога чула дека Ергенч си го наплатил хонорарот, а сите други не. Убавата актерка побарала да и биде и нејзе исплатен надоместокот за што му дала рок од неколку недели на продицентот Тимур Савчи, но тоа не се случило, па си ги спакувала куферите и ненајавено си заминала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


