| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар пред трансфер, „светците“ сакаат да го урнат светскиот рекорд!

Според пишувањата на водечките шпански спортски весници, ПСЖ е подготвен да ја плати клаузулата од 222 милиони евра за Бразилецот Нејмар. Иако неодамна го продолжи договор со Барса, Нејмар може да се замине само ако клубот кој сака да го ангажира ја плати однапред предвидената клаузула и ги договори условите со напаѓачот.

Според „Марка“, Насер ел Калаифи, кој е сопственик и претседател на ПСЖ, е спремен да му даде 30 милиони евра по сезона и да го доведе Нејмар на „Паркот на принцевите“. Ако Нејмар се согласи на промена на средината, тогаш колку и да е високата клаузулата, ПСЖ е подготвен да ја плати.

Каталонците не веруваат дека може да дојде до овој трансфер, кој може да биде светски рекорд, но до 31 август до кога трае преодниот рок ќе бидат немирни и ќе треперат за иднината на Бразилецот Нејмар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top