| четврток, 6 декември 2018 |

На денешен ден е извршена егзекуција на царското семејство Романови

Во јули 1918 Црвената армија стравуваше дека чешката војска и силите на Белата армија се движат накај Екатеринбург да го спасат царот. Затоа беше донесена одлука да се ликвидира царското семејство. За оваа цел локалниот комитет го назначува тврдокорникот Јуриј Јаков да ја преземе командата над  прогонетите. Стражарите за кои се знаеше дека се приврзале со семејството се отстранети, а Јуровски носи нови луѓе да ја извршат егзекуцијата на затворениците.

Нешто по полноќ, царското семејство е разбудено од страна на стражарите. Кажано им е дека куќата не е повеќе безбедна за нив, поради тоа што веќе се  пука на улиците. Царот, неговата сопруга и нивните пет деца, заедно со уште четири придружнички, се одведени во визбата „заради нивна безбедност“. Јуровски и неговите луѓе влегуваат во собата. Тој им издава наредба на стражарите да го застрелаат секој член на царското семејство во срцето со цел да се намали истекот на крв.

Потоа, телата се осакатени, изгорени и закопани во полето Поросенков Лог во шумата во близина на селото Коптјаки.

Убиените членови на царското семејство Романови се прогласени за светители и страдалници за православната вера од страна на Руската Православна Црква на 20 август, 2000 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top