25-годишната Сара Каминс од непознати причини морала да ја откаже својата венчавка, но локацијата и храната веќе биле платени но, затоа, на сета болка и мака, успеала да им го разубави денот на 170 бездомници.
-Бев за никаде. Постојано се јавував по луѓе, откажував и се извинував и плачев помеѓу секој разговор, но дојде време кога морав трезвено да размислам и да направам нешто со она кое остана, изјави Сара.
Сара стапила во контакт со неколки засолништа во Кармел, Индијана и ја одржала својата венчавка без никој да стапи во брак, но нагостила 170 бездомници кои со автобус биле довезени до ресторанот Ritz Charles.
Логан Араџо со кој таа требала да се венча бил одговорен за сите давачки и изјавил дека и се воодушевува на силата во тие тешки моменти и целосно ја поддржал во нејзината одлука да направи добро дело од нивната венчавка.
Сара Каминс не сакала да ги објави причините за откажувањето на венчавката, но нејзината иницијатива била поздравена и од други бизниси кои донирале свечена облека за бездомниците присутни во салата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст