Американскиот режисер Џорџ Ромеро, познат по хорор-филмовите, почина на 77-годишна возраст.
Неговата сопруга соопшти дека Ромеро ја загуби својата „куса, но агресивна борба со ракот на белите дробови”.
Тој е автор на легендарниот серијал за т.н. зомби-филмови, што започна со „Ноќта на живите мртовци” (1968). Важеше за „револуционер” во областа на тој хорор жанр. Неговите зомбија беа повеќе од обични канибали, тие беа метафори на конформизмот, расизмот и класните разлики.
Првиот негов зомби-филм се смета за своевидна критика кон расизмот во САД, бидејќи единствениот црнeц преживеан од борбата со „немртвите“ беше застрелан од спасувачите.
Самиот Ромеро во повеќе наврати велеше дека не би работел на хорор филмови, доколку ја немал можноста во нив да ги изразува своите политички погледи и пораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст