| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата светска мистерија стана достапна на големите медиуми

Една од најтаинствените групи на светски моќници „Билдерберг“ се состанува во Лондон, а настанот кој со години се одвиваше во строга тајност, годинава за прв пат ќе биде медиумски покриен, пишува Гардијан.

На состанокот на групата е потврдено дека како гостин ќе присуствува и премиерот на Британија Дејвид Камерон, како и други угледни британски политичари како Џорџ Озборн и Ед Балс. Таму ќе бидат и основачот на интернет гигантот Амазон, Џеф Безос и Ерик Шмит извршниот директор на Гугл како и други видни личности од светот на политиката, бизнисот, економијата и медиумите. Состанокот на оваа група највлијателни луѓе во светот ќе трае четири дена

Главни теми на годинешниот состанок ќе бидат „работните места, правото и долглжничката криза“, „како важните податоци менуваат речиси се“ и „можат ли САД и ЕУ да имаат поголем раст и да создадат нови работни места“.

На листата учесници и гости годинава се најдоа 140 имиња, но само 14 од нив зе жени. Самитот стартува денеска и ќе се одржи во хотелот Гроув, а учесниците веќе почнале да пристигнуваат, јавува Гардијан.

Оваа тајна група на најмоќни луѓе во светот прв пат се сретнала во 1954 година со цел да се затоплат односите меѓу САД и ЕУ во годините на Студената војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top