| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредни мерки за спроведувањето на музичката програма на Д Фестивал 2017

Поради временските услови за вечерва и безбедност на посетителите преземени се неопходни вонредни мерки за спроведувањето на музичката програма на Д Фестивал 2017.

Настапот на Арахангел е презакажан за порано, во 21 часот на главната бина. Ако дозволат временските услови, по Архангел, на главната бина настапот на Егоритхмиа кој првично беше предвиден на LakeAwake бината.

Во Churich Stage од 20:00 часот и вечерва ќе се одржат Кино проекциите на МакеДокс.
Останатите концерти на главната бина, на LakeAwake бината и Mosquito Stage се откажани.

-Дождот не може да ја стопи цела љубов која ја собравме деновиве! Ве чекаме на главната бина заедно со АРХАНГЕЛ да го затвориме Д ФЕСТИВАЛ на најдобар начин, порачуваат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top