Многу непријатели ја очекуваат пропаста на Турција, а ако почнам да ги набројувам, тоа ќе доведе до многу голема криза на меѓународно ниво“, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на големиот митинг што се одржа во Анкара по повод годишнината од обидот за воен удар.
-Се вртам кон вас, предавници! Вие со тоа ништо нема да постигнете. Нема да успеете да го раздвоите нашиот народ на делови. Нема да успеете да го купите нашето знаме. Нема да успеете да ни го земе земјиштето. Нема да може да не тргнете од државата. Нема да успеете да ја поставите нашата земја на колена. Нема да успеете да го оковате нашиот народ, рече Ердоган.
Во говорот пред своите поддржувачи, турскиот претседател вети и дека ако во парламентот биде поднесено барање за враќање на смртната казна и ако таа биде одобрена, тој ќе го потпише указот за нејзина реализација. Ердоган меѓудругото напомена и дека минатогодишниот обид за државен удар нема да биде последен и побара од граѓаните на Турција да бидат подготвени доколку се случи такво нешто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст