| четврток, 6 декември 2018 |

Три годишната Мартина пронајдена мртва и без облека во автомобил: Мистерозна смрт го шокираше светот

Тригодишната Мартина М. за која се наведува дека е државјанка на Србија е пронајдена мртва во автомобилот на својот дето. Девојчето пред тоа наводно била на детски роденден и со други деца си играла во возилото.

Како што наведуваат италијанските медиуми, мајката ја пронашла Мартина, а детето без свест е транспортирано во болницата Сан Џовани Боско.

Утврдено е дека семејството живее во номадски камп. Девојчето во болница е донесено мртво и утврдено е дека починало 3-4 часа пред да биде пронајдена од страна на мајката. Лекарите можеле само да ја констатираат смртта и да забележат дека на челото има рана.

Засега се проверува дали девојчето е провредено во игра, а наводно било пронајдено и без облека.

-Раната може настанала од благ удар или пад. Постои можност да се онесвестила или заспала во автомобилот и починала од топлотен удар. Интересно е што автомобилот не бил заклучен кога детето е пронајдено, пишува италијанскиот печат.

Мајката пред полицијата изјавила дека девојчето го оставила да си игра и тоа исчезнало. Раскажала дека ја барала со часови, додека не ја нашла онесвестена во автомобилот.

Истрага

Се очекува обдукцијата да покаже од што точно умрело тригодишното девојче. Досегашната истрага јасно покажа дека детето со сигурност не е заборавено во автомобилот.

-Семејството за потребите на истрагата ќе мора да го реконструира попладнето кое претходело на смртта на Мартина, за да се разјасни оваа мистерија, пишуваат медиумите.

Медиумите наведуваат дека родителите на малата Мартина се српски имигранти кои живееле во ромски камп во близина на Неапол. Во истрагата е вклучен и центарот за социјална работа кој го посетувал кампот каде живеело девојчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top