Марс, планетата на акцијата, по две години, на крајот на неделата влегува во четвртиот хороскопски знак во кој неговото влијание е ослабнато и во него ќе остане до 20 јули.
Поради Уран и Венера, на емотивно поле можни се изненадни раскинувања и обновување на врски, а на финансиски план неочекувани подеми и падови.
Опозицијата со ретроградниот Плутон, по 22-ти јуни, опоменува да обрнете поголемо внимание на конкуренцијата и да избегнете подигнување на кредити. Немојте да се нервирате доколку некои работи доцнат или не можете да го постигнете она за кое сте се договарале или доколку нешто поправате по дома, па не ви оди со мајсторите, затоа што само трпението може да ве доведе до посакуваната цел.
По 15 јуни, периодот носи инспирација за уметниците а за спортистите успех. Исто така, во втората половина на месецот, Марс почнува да формира квадрат со Јупитер во Вага, што ќе ги зголеми приходите, но, истовремено ја буди желбата за трошење пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.