Од министерството за внатрешни работи информираат дека, вчера, околу 09.35 часот во Полициската станица во Струга, од струшката Општа болница било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени тројца странски државјани, еден од Холандија и двајца од Израел, сместени во хотел на струшкото крајбрежје, кои се пожалиле на труење од храна што ја консумирале во хотелот.
По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување.
извор: Охрид њуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.