| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските кошаркари ги „поминаа“ Бугарите со 80:70

Македонката кошаркарска репрезентација забележа победа на контролниот натпревар со Бугарија (80:70), прв домашен меч во подготовките за претквалификациите за СП 2019.

Клучната разлика избраниците на Давитков ја создадоа во последната четвртина, кога успеаја да дојдат и до двоцифрена предност и рутински да го приведат мечот до крај.

Македонските кошаркари резултатски ги добија сите четвртини: првата 15:11, на полувреме се замина со 38:36, третата четвртина заврши 57:54, за конечниот резултат 80:70.

Тасовски беше најефикасен во нашите редови со 18 поени, пред капитенот Војдан Стојановски со 16, Џордан Теодор со 15 и Чековски со 12 поени, 7 кока и 4 асистенции

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top