| четврток, 6 декември 2018 |

Се нижат штрајкови во Србија, се подготвува ли бунт?

Фиат, Гоша, Горење, Ратко Митровиќ, се се тоа компании чии работници во последните десетина дена се побунија и прекинаа со работа. За разлика од вообичаените причини за штрајк кога работници бараат неисплатени плати, сега протестираат и работници кои редовно земаат надомест.

„Вложувајте во Србиија, бидејќи таму е обучена но евтина работна сила“ е една од пораките на видео спотот со кој преку СиЕнЕн од 2014 година се повикуваат странски инвеститори во земјата.

-Знаете, кога некој некој се рекламира на СиЕнЕн и велат дојдете во Србијиа бидејќи работната сила е багателна, а тогаш посредно праќа и порака дека не само што е евтина силата туку и синдикатите се слаби. А ние и така ќе ви прогледаме низ прсти така што нема да го применимие националното законодавство, така што не е ниту чудо што денес имаме штрајкови- вели за медиумите Ранка Савиќ, претседателка на АСНС.

А штрајкови во Србија има. Последен во низата е штрајкот во Фиат во Крагуевац. Во Гоша, во Смедервска Паланка, се штрајкува неколку месеци и се најавува штрајк со глад. Савиќ очекува штрајкови и во јавните претпријатија каде покрај малите плати, проблем гледа и во рационализацијата , но кај производствените работници, не во бирократијата.

-Јас минатата недела ја минав Србија и јавните претпријатија, бев во Пирот, Ниш, Лесковац, таму работниците во просек дома носат две-три илјади динари. Значи имаат кредити, имаат одбитоци од платата, на плата од 25.000 тоа не е чудно- додава Савиќ.

Дека државата не може да привлекува странски вложувачи на штета на домашните, се сложува и Марко Радовиќ од Мрежа за биснис поддршка, кој додава дека мора да се создаде позитивен амбиент.

-Мора да ги ставите и околности во кои сите работни субјекти ќе може да просперираат, да напредуваат, да се развиваат. Само така може да очекувате од другата  и на вработените да им се овозможат примања кои ги заслужуваат и дека нивните услови за работа да се подобрат низ инвестициите на самата компанија, која тоа нема да го види како трошок, туку како бенефит. Но се додекаовие работи не се променат, работниците и нивните семејства ќе се и натаму гладни, а есента уште не дошла- заклучува Радовиќ за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top