Принцот Ѓорѓе и принцезата Фелон се венчале денеска во семејната црква „Свети Ѓорѓи“ на Опленац.
Младенците, кои пристигнале во црн олдтајмер, и по црвен тепих се упатиле кон црквата, ги пречекале многу луѓе, а покрај тепихот во народни носии стоеле деца. Честитките и коктелот ќе се одржат во Белиот дворец, наследство од кралското семејство.
Принцот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ, кој има 33 години, и неговатаизбраничка, 22-годишната Фелон Караѓорѓевиќ склучиле граѓански брак минатата година во Англија. Ѓорѓе е внук од синот Томислав на српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ.
Ѓорѓе и Фелон биле во врска две години, а се запознале на карате, бидејќи двајцата тренирале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.