| четврток, 6 декември 2018 |

Петровска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи клучни реформи во образованието

Образованието е една од клучните елементи во една држава и за да има напредок во една држава секогаш потребни се реформи, она што владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи клучно нешто во образованието-тоа е дека спроведе реформи, вели Ана Петровска на денешната панел дискусија ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ „Инвестираме во локалната самоуправа“.

-Тие реформи беа позитивно оценети од граѓаните, а владата реформите ги започна со воведувањето на деветгодишното основно образование, потоа со бесплатните учебници, претходната влада обезбеди и бесплатен превоз за учениците, во континуитет владата тука не застана, донесе компјутер за секое дете, ВМРО-ДПМНЕ ја воведе Кембриџ програмата која што не случајно беше воведена, една од клучните реформи е и проектот за етничка интеграција, се зголемуваше и еколошката свест кај учениците преку еколошкиот проект, изјави Петровска.

Таа напомена дека владата на ВМРО-ДПМНЕ спровела низа на проекти кои што позитивно делуваат на учениците.

-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи низа капитални проекти на територија на Гази Баба, општината има 11 основни училишта, а вкупно со подрачните таа бројка е 16 објекти. Во континуитет после 50 години се изгради и основно училиште во општината Железара „Глигор Прличев“, се реконструираат и останатите 16 училишни објекти, а се подобрија и условите во сите училишта во Гази Баба порача Петровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top