| четврток, 6 декември 2018 |

Светот мора да остане буден – дали е на повидок нова светска финансиска криза?

Уште една финансиска криза е и понатаму можна, вели шефицата на MMF Кристин Лагард.

Таа ја коментирала изјавата на Џенет Јелен, претседателка на ФЕД, која оценува дека во својот живот повеќе нема да биде сведок на уште една криза.

-Можеби ќе има уште една криза, планирам долго да живеам, но се надевам и Јелен, така што апсолутно не би се обложувала на тоа, бидејќи постојат циклуси кои сме ги виделе во минатото, а јас новата светска криза не би ја исклучила. – изјавила Лагардова за СИ-ЕН-БИ-СИ.

Додала дека кризите се обично непредвидливи и доаѓаат неочекувано.

Претходната глобална финансиска криза изби во 2007-2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top