| четврток, 6 декември 2018 |

Момче со БМВ усмрти 16 годишна девојка

Вчера околу 16,00 часот, било пријавено дека на патот с.Арачиново-с.Брњарци се случила сообраќајна незгода, во која Е.Х.(20) од с.Арачиново, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, удрил во бетонска ограда покрај патот.

Во 16,50 часот, во населбата Ченто, во амбулантата „Пеницилин“, била донесена почината 16 годишна девојка од Скопје, сопатничка во возилото, а во незгодата со повреди се здобило и осумгодишно девојче, кое било пренесено во Градстка општа болница „Наум Охридски“ и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

На Е.Х. му е укажана лекарска помош во „8-ми Септември“. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top