| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сака да личи на новата девојка на Лукас-Соња се трансформираше!

Додека Аца Лукас и неговата нова девојка Бранислава уживаат во љубовта која не ја кријат, па секојдневно објавуваат заеднички фотографии, ни на Соња Вуксановиќ не и иде лошо.

Ако се суди по нејзините фотографии, Соња ужива во излегувањата со пријателите, а со секси комбинациите на облека, покажува дека се чувствува добро.

Меѓутоа изгледа дека Соња се води од старата девиза, кога на жената и треба промена во приватниот живот, прво ја менува фризурата. Соња токму тоа го направила, па со новата боја на коса се пофали и на Инстаграм.

И додека многумина и упатија комплименти и позитивни коментари, имало и такви кои не биле благонаклони, па коментирале како бојата на косата на Соња сега е скоро иста како онаа што ја има новата љубов на Лукас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top