Жена Овен
Имате одлучен карактер, го сакате сето она што е чисто, јасно, прецизно. Полни сте со самодоверба. Храбри сте и сакате да преземете акција. Вашиот ентузијазам и динамичност се доволно силни двигатели за да ги пребродите сите потешкотии. Иницијативни сте и кога ќе се најдете на раскрсница два пати побрзо одлучувате.
Вашиот карактер има големо влијание и на однесувањето во љубовта. Никако не можете да се вклопите во редот жени – робинки, жените што се покоруваат на желбите и барањата на мажите. Премногу сте независни за да можете да поднесете некој да ве стави во кафез. Барате взаемна доверба, која ќе ви го обезбеди животот во двојка без сцени и поголеми сомнежи.
Љубоморни сте и тоа го покажувате. Барате јасни одговори на прашањата. За вас е идеален мажот што има силен карактер, што ќе ве импонира. Ако откриете неверство, подготвени сте да возвратите на ист начин…
Жена Бик
Вие стоите цврсто на земјата. Сакате се она што е постојано и опипливо. Никогаш не се задоволувате со лажни ветувања, слатки илузии и не им се препуштате на фантазиите.
Иако вашиот карактер е прилично јак, во него постојат и некои слабости. Во начинот на живот понекогаш се појавуваат и пасивност и мрзеливост. Бегате од грижите и од проблемите, не сакате компликации. Кога ќе се одлучите за нешто тешко дека некој ќе успее да ве разубеди. Повеќе сакате да доживеете и пад, отколку да се вратите назад и да го промените мислењето.
Љубовта игра голема улога во вашиот живот. За вас таа не е синоним за страста, бурите, страдања или романтизам, туку за нежност и уживање. Кога ќе запознаете некоја личност што ви се допаѓа сакате на секој начин да привлечете внимание врз себе си. Периодот на посматрање кај вас трае долго (понекогаш и премногу долго). Тоа не изненадува, затоа што вие сите одлуки ги носите по долго и зрело размислување.
Жена Близнак
Динамичноста е најважната особина на вашиот карактер. Бескрајно ја цените слободата и независноста. Нема да дозволите никому да ви ја наметнува својата волја. Вие сте многу интелигентни, но не и остроумни. Во бизнисот да знаете како да се најде најдобар начин за успех.
Како и во животот и во љубовта држите до својата слобода. Дури и кога ќе се вљубите во некого, се плашите премногу да се врзете. Поради стравувањата дека ќе станете негов роб, може и да го напуштите, иако знаете дека ве сака.
Во љубовта и бракот сте верни, а тоа го барате од партнерот. Не ги покажувате јавно своите чувства и делувате ладно. Со партнерот сте сосема различни. Тука вашата љубов и страст доаѓа до израз. Од луѓето што ги сакате барате изливи на нежност и страст. Иако првенствено го цените интелектот, во љубовта се подредувате на чувствата.
Жена Рак
Вие сте многу чувствителна и емоционална личност. Но, за да се одбраните од светот на некој начин, се обидувате да ги скриете своите чувства.
Во животот сте помалку, сонувач, сакате да размислувате. Ако треба да се влезе во борба со проблемите во животот, претпочитате да се повлечете и да се затворите во вашиот мал, интимен свет, полн со желби, фантазии, задоволства. И покрај тоа што ви се допаѓа осаменост, тоа не значи дека не треба да се во друштво на пријатели кои ќе го опкружуваат.
Љубовта во животот ви значи многу. Таа е една од најважните цели. Тоа во секој случај, не се авантурите, минливите флертови, слободната љубов. Покрај тоа што имате многу емоционална природа, вие сте и многу романтични. Сонувате за романтична љубов, страсни чувства на две сродни битија. Љубовта во вас се буди како пламен; мислите дека таа ќе трае вечно и затоа тешко ги толерирате разочарувањата. Од партнерот барате нежност и љубов што толку многу ви е потребна.
Жена Лав
Вие не сте слаба жена, која е оставена да ја носат брановите на судбината. Вашата виталност, волја, вашето тело, ќе ви овозможи да влезете во категоријата на оние жени кои доминираат, кои не дозволуваат да бидат поразени. Ви се допаѓа акција и движење.
Претпазливи сте и ништо не е оставено на случајот. Имате премногу високо мислење за себе за да може да се задоволите со моменталната состојба. Вие сте дарежлива и среќна кога за другите може да направите некоја радост. Сепак, понекогаш сте егоисти, и пред да се сетите на друг, прво мислите на себе си.
Имате силен карактер. Бидејќи вие сте страсна жена, знаете што ве привлекува, а што одбива кај некој човек. Вие или некого сакате или го презираат. Ако ви се допаѓа еден човек, ќе му ставите отворено до знаење. Ако сакате во целост им се предавате на чувствата, без ограничување. Не поднесувате ништо нејасно и неодредено во љубовта.
Жена Девица
Се што се случува околу вас го примате со интелектот. Всушност, бегате како од чума, од се што е диктирано од инстинктот, минливите впечатоци, ентузијазамот и страста. По природа, вие сте премногу воздржани и срамежливи за да ги покажете јавно своите чувства.
Вие сте многу чувствителни и со сомнеж ги примате лошите зборови и критики. Тешко е да се претпостави дека, со оглед на вашиот карактер, може со леснотија да се занесете во импулсивна и страсна љубов која може да донесе непредвидени промени. Ниту во љубовта, како и во се друго, не се препуштате лесно, затоа што сте преплашени од сопствените инстинктивни реакции. На кратко, многу е тешко вас човек да ве добие.
Кога ќе сретнете некој што ви се допаѓа и кому вие му се допаѓате, тешко дека во истиот момент ќе му се фрлите во прегратка. Вие сте верна сопруга. Не само затоа што не сакате да го изневерите човекот за кого сте се врзале, туку и затоа што се плашите дека вашите чувства ќе излезат на видело. Во се сте дискретни, внимателни, срамежливи. Како што животот го примате сериозно, така ја примате и љубовта.
Жена Вага
За вас не може да се каже дека сте одлучна и енергична личност. Во донесувањето одлуки или во вршењето на некоја работа се двоумите и никако да го најдете вистинскиот пат и вистинското решение. Вие не сте амбициозни и секогаш ви треба некој кому ќе препуштите дел од своите обврски.
Сакате да им се допаднете на другите, друштвени сте, сакате да излегувате, уживате во комплиментите. Вие сте чувствителна и страсна. Поседувате одреден шарм. Луѓето во вас гледаат нешто таинствено, мистериозно. Вие сте многу интелигентни, но таа одлика не е секогаш ја насочувате во таа насока каде најмногу ќе дојде до израз.
И во изборот на партнер многу Ваги грешат. Сметајќи дека партнерот треба да им биде потпора во животот, се врзуваат за оној кој станува тиранин штом ќе ја почувствува нивната слабост. Вам најмногу би ви одговарал човек кој ќе знае да ги цени вашите квалитети и кој нема постојано да ви префрла за недостатокот на енергија за да ги поднесете животните и другите проблеми. Вие не сте склони кон промени во љубовта, но ако ви се случи да сретнете личност која ќе ви се чини симпатична, а околностите се поволни, нема да се сметате дека е грев да се пуштите во малку авантура со неа.
Жена Скорпија
Вие не сте пасивна, тивка, нежна жена. Вие сте импулсивен и страстен карактер. Во животот, не правите ништо на половина пат. Не ви се допаѓа неодлучност. Кога ќе се фрли во некој потфат, кога учествувате во дискусија, кога ќе доживеете авантура, секогаш одите до крај. Или, пак, не преземате ништо.
Вие сте многу чувствителна личност и секогаш сакате се или ништо. Вие сте подготвени да се предадете до крај, без двоумење, и несебично, на оној кого сте го избрале. Избраниот станува центар на вашиот живот. Скорпиите, иако не се убавици, имаат фасцинантен ефект врз мажите … Недефинираниот, чуден шарм, кој ги движи вибрациите во длабочините на вашата личност, знаете добро да го искористите. Кога некој маж е сигурен дека ви се допаѓа и дека ве привлекува, ќе успеете да го заробите со илјадници невидливи детали. Човекот што сте го избрале нема веднаш да навлезе во тајните на вашата личност. За него долго време ќе бидете мистериозна личност. Тоа ќе биде еден од силните двигатели на неговата љубов. Лицето кое сака одеднаш во целост да ве запознае рескира засекогаш да ве изгуби.
Жена Стрелец
Вие сте смели, независни, сакате да ги пречекорувате постојаните бариери, се впуштате во ризици за да остварите некој идеал, некој ваш план, само за да им покажете на луѓето колку вредите.
Амбициозни сте. Сакате се да се поставите во животот така што се ќе биде подредено на вашите планови. Имате истенчено чувство за сите животни вредности: не занемарувате ништо што на било кој начин би можело да оди во ваша корист. Многу држите до мирниот живот, без нагли промени. Не сакате никаква збрка или анархија. За вас животот е борба без престан.
Во љубовта, првата желба ви е да сретнете маж што ќе ви се восхитува и кого ќе можете да го претставувате пред пријателите без никакво воздржување. За вас љубовта значи восхитување и затоа вашиот избраник мора да биде човек со силен карактер и добро искален. Човекот со слаба волја, што ќе им попушта на вашите каприци нема да ве направи среќна. Вашите односи ќе доживеат катастрофа. Ако во почетокот и го поднесувате таквиот човек, еден ден сепак ќе дојде до експлозија.
Жена Јарец
Вашиот однос кон животот е реален. Сакате пристојност. Ги цените само оние луѓе што имаат извесни вредности, секако во согласност со вашите сфаќања. Во животот не сакате да губите време. Ги презирате сите безделничења, како и бесмислените разговори. Накратко речено, вие не сте од оние што поминуваат долго време пред огледалото, дотерувајќи ја фризурата или разубавувајќи се. Денот ќе го поминете многу покорисно.
Вие сте реалист. Знаете точно да ги процените поединечните настани. Дури и тогаш кога сте подготвени да преземете некој ризик, што ретко се случува, секогаш се однапред и добро го планирате. Во вашата работа, како и во животот, не сакате на секој начин да го привлечете вниманието на другите.
Љубовта кај вас споро се раѓа и вашата наклонетост и доверба тешко се добиваат. Ако некој ви се допаѓа нема тоа да му го покажете без срам и натегање. Никогаш нема да го привлечете со многу кокетирање, физичкиот изглед, туку со паметни разговори, интелегенција. Кога сепак ќе одлучите за некого да се врзете, тоа е одлука за цел живот. Ниту времето, ниту долгите разделби не можат да ја променат вашата љубов.
Жена Водолија
Зад вашиот, понекогаш ироничен став се крие несигурност и недоволна самодоверба. Живеете во вашиот свет на соништа и немате храброст да влезете во конфликт со вистината, која во животот не е секогаш убава.
Вие сте мошне чувствителна личност. Во вас луѓето може да имаат голема доверба. Никогаш нема да ги издадете пријателите. Ако некој нешто ви доверил, може да биде сигурен дека ќе молчите и дека тоа од вас никој нема да го дознае. Затоа луѓето го сакаат вашето друштво.
Во љубовта сте великодушни. На саканата личност ќе и’ ги подарите сите чувства. Но, истото тоа го барате и од вашиот партнер. Поради тоа сте љубоморни. Таа љубомора нема секогаш да ја покажете, но деноноќно ќе страдате. Со вашата љубомора повеќе ќе си нанесете болка самите себе си, отколку на саканата личност. Не можете да поднесете маж тиранин. Ако наидете на некој со помек карактер, ќе направите се за тој да биде среќен покрај вас.
Жена Риба
Вие сте непоправлив идеалист. Сакате или би сакале да се жртвувате за нешто големи за да остварите некој свој идеал, Кон другите сте толерантни до крајност, не ги сакате оние што ве осудуваат и не трпите префрлувања и критики. Вашиот шарм и природност играат голема улога во односот со другите луѓе.
Многу сте интуитивни. Со оглед на тоа што сте мошне чувствителна личност, полна со вообразеност, постојат можности да се уплашите од животот и неговите кошмари. Вашата личност е мошне комплексна, полна со тајни, тешко пристапна. За некој да ве сака, мора добро да ве запознае.
Љубовта ве збунува од првиот миг. Ако почувствувате наклонетост кон некого, не сте сигурни во себе си, па затоа истото не го откривате. Сепак, љубовта што ќе ве врзе за еден човек нема да биде воопшто едноставна. Вашите емоции секогаш ќе бидат полни со вртлози и исполнети со некаква недоверба. Живеете во постојан страв дека ќе го загубите оној за кого сте се врзаел и барате без престан докази за неговата љубов и предаденост. Секоја разделба, дури и кратка, кај вас буди извесни сомнежи…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.