| четврток, 6 декември 2018 |

Тениски блокбастер на Федерер и Цонга

Роже Федерер и Жо Вилфрид Цонга одиграа вистински тениски блокбастер во 5 сета, што треаше над 4 часа на „Род Лејвер“ арена во Мелбурн. Победник во возбудлив меч е Федерер, а резултатот е 7-6, 4-6, 7-6, 3-6, 6-3. Цонга кој беше трикратен јуниорски гренд-слем шампион, не успеа да остане во битка за прв трофеј во сениорска конкуренција, но прикажа блескава игра. Финишот му припадна на Федерер и тој ќе се бори за 18. титула на еден од четирите најценети тениски турнири.

Во полуфиналето противник на Швајцарецот ќе му биде Енди Мареј, а второто полуфинале ќе го играат Новак Ѓоковиќ и Давид Ферер.

Во женска конкуренција сензацијата на турнирот Слоун Стивенс ќе се обиде да ја изненади и Викторија Азаренка, откако ја исфрли од игра Серена Вилијамс. За место во финалето меѓусебе ќе играат и Марија Шарапова и Ли На.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top