Петнаесетгодишно момче успеалo само да направи бизнис кој му носи приход од околу 57 000 евра годишно. Неговиот почеток бил од училиштниот тоалет каде ги склучил првите зделки.
Станува збор за Нејтан Џон Баптист кој се уште е ученик во северен Лондон, а веќе осум години секој ден им продава грицки, чоколади и пијалоци на своите соученици. Како што самиот раскажал, првиот пат кога дошол на оваа идеја, купил производи за 5,5 евра и сите ги продал за еден ден, па оттогаш не престанал. Сега, за него продаваат 11 деца од 4 различни училишта, што му носи приход од околу 1 200 евра неделно, пишува Дејли Мејл.
Неговата шетачка продавница е сместена во неговиот ранец, а идејата други да продаваат за него дошла спонтано откако прво еден негов пријател се понудил да му помогне.
– Едно време бараа од училиштето да престанам со продавање, па дури и бев суспендиран. Но откако им беше образложено дека не правам ништо страшно и нелегално, ме оставија на мира.
Принципот е едноставен, купува големи пакувања кои во супер-маркетите се поевтини, а продава на парче со цена пониска од онаа во училишните продавници и „вендинг“ машини. Тој производите што ги нуди ги рекламира со ценовник на социјалните мрежи.
– Планот ми е да станам милионер, не застанувам додека не го постигнам тоа. Ме чека уште многу напорна работа, вели младиот Нејтан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.