| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Рама дојде стокмен и во Трст (ФОТО)

Премиерот на Албанија Еди Рама не се откажува од својот лежерен стајлинг.

И на форумот за цивилно општество во рамките на Самитот во Трст дојде во бели патики и црно одело, а ни вратоврска не му недостигаше во ваквата комбинација, со што го привлече вниманието на медиумите кои веднаш споделија видеа и фотографии од неговиот моден избор.

Ова не е прв пат албанскиот премиер да изненади со неговиот стајлинг.

Слична модна комбинација Рама имаше и неодамна на состанокот на лидерите од Западен Балкан во Брисел со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top