| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате

Во новиот број на Република ќе читате

 

„Новиот живот“  на дело
Заев ги продаде државата, семејството и традиционалните вредности
Додека ЛГБТ заедницата со агресивната промоција на својата идеологија го одвлекува вниманието на јавноста, Заев се обидува да ги стави под тепих неисполнетите предизборни ветувања и неприметно да ги задоволи желбите на неговите налогодавачи преку потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија и гласањето на законот за јазици со кој ќе се нанесе ненадоместлива штета на македонските национални интереси. Антимакедонската политика што денес ја спроведува Заев ја најавувавме уште пред ланските избори. Ваквиот развој на настаните беше видлив од тука до Америка, иако тоа не сакаа да го видат повеќе од 350.000 Македонци.

Закани за дестабилизација на Македонија
Антимакедонската политика на Заев ја прикриваат албанските радикали
Македонија во моментот е сведок на вистинска офанзива на сеење магла и правење димни завеси, акции кои мораат да ги засенат антинационалните и антидржавни потези на Заевата влада. Сфатливо, човекот си има голем проблем. Мора да го испорача ветеното, а роковите, несомнено, силно притискаат. Им врати на шарените и „невладините“, но долгот кон „чадорот“ е главниот залог во преселбата од „Павел Шатев“ на „Илинденска“. Големината на хипотеката ги активира сите пропагандни орудија. Не бадијала и вработија толку новинари и агипропи во Владата. Маглата се сее на две главни полиња – странците во очекување на главните антинационални „реформи“ прават силен ветер во едра и пеат патетични химни за Заев и неверојатните реформи на владата му, чии министри сѐ уште не знаат ни каде им се канцеларите, а не па да сработиле нешто. Освен со позитива, се оди и со застрашување – албанските радикали кои се секогаш на готовс се пуштија во кршење гробишта, напади врз македонски патриоти по затвори, заканувачки соопштенија и дигање тензии. Два проверени рецепти за дефокус и „мала дигресија“ од вистинските проблеми. Пораката следува: сменете го името, ќе влезете во НАТО и ЕУ и сѐ ќе биде во ред…

Борисов, Ципрас и Вучиќ на мини самит за Македонија
Соседите ќе ни ја кројат судбината, Заев конструктивно молчи
Состанок на кој Македонија без нејзини претставници таму, е тема на луѓето чии земји имаат проблем со нашата нација, јазик, историја, територија и црква е вовед во црно сценарио. Дури и ако тројцата балкански лидери за Македонија разговараат во контекст на албанското прашање, не е добро за нас. Македонија не смее да дозволи за неа да се разговара во друга држава и најостро треба да реагира, освен ако некоја од големите сили не порачала Заев и владата да седат мадро и да ги остават тројцата лидери да се договорат како ќе ги спроведат насоките дадени од Стејт департментот.

Политичките прогони се стил на СДС
Заев расчистува со македонзимот
Во препознатлива макартистичка атмосфера во Македонија се тера борба со замислени „антинатовски проруски сили“ и се спроведува политичка чистка на цела опозиција, нејзините поддржувачи и медиуми, чистка на сѐ што е засегнато за македонското. Сѐ повеќе се покрива просторот за никој јавно да не каже дека „теледиригираниот“ и неговите соработници не се случајно избрани; дека зад себе имаат историја во раскусурувањето. Без двоумење веднаш може да се набројат лузните кои ги оставиле во периодот на македонскиот плурализам, тргнувајќи од негирањето на македонската химна во Собранието, газењето врз корените за заемот од Сорос, „еквидистанцата“ од Македонците во соседството, смената на знамето, „фиромизацијата“, територијалното разделувањето и минирањето на референдумот, лицитирање со имиња при кокетирање со Грција…

Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
УМС e движечката сила на ВМРО-ДПМНЕ и на државата
Ни доаѓа период на големи предизвици, период во којшто ударна тупаница ќе бидат младите. Свесни сме што ѝ се случува на нашата држава, а наша обврска е да застанеме исправено пред предизвиците. Ние ќе бидеме главната пречка на секој кој ќе сака да ни ги распродаде државните интереси од една страна, а од друга страна ние мораме да мислиме и за иднината на нашите врсници – вака Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО–ДПМНЕ, во интервјуто за „Република“ ја најави борбата на најголемата младинска организација која на деветти јули ја одржа 26 Годишна конференција

Ефтим Клетников, претседател на граѓанското здружение „Македонски манифест“
Ни треба повеќе храброст да речеме: „Доста е, идиоти!“
Националната самосвест и самопочит кај Македонците се спуштени на половина копје. Ни треба повеќе храброст и елан вител да речеме: „Доста е, идиоти, не сме мртви како што мислите“, вели писателот, поет и претседател на граѓанското здружение „Македонски манифест“, Ефтим Клетников. Во интервју за „Република“ Клетников изразува разочарување од молкот на интелектуалната елита во државата. За него интелектуалецот не е само диплома, титула, туку и морал и етика, а таа супстанција, како што вели, е страшно дефицитарна кај нашите таканаречени интелектуалци.

Хомосексуалците влегоа во влада
Барањата на ЛГБТ заедницата приоритет за Заев
Се чини „доаѓа живот“ за одредени групи кои сметаат дека се маргинализирани, но не доаѓа живот за ранливите категории. Во првите 40 дена од формирањето на власта предводена од Зоран Заев не се најде време да се поразговара за лицата со хендикеп. Очигледно нема кој да крене рака и да покрене иницијатива за овие деца, за овие луѓе, за родителите кои се соочуваат со реални проблеми поради хендикепот на своите најмили. Времето за нив лета, но нивниот интерес некому не му е „атрактивен“. Но, затоа има кој да крене рака за хомосексуалците. Има кој да запраша што е со нивните права. Се работело за голема група граѓани, гласачи и нивните права мора да се решат. Децата со хендикеп не се гласачи, ниту пак со нив може да се крене прав за да се затскријат одредени случувања во државата кои треба да се протнат низ мала врата.

Кампања за самопромоција
На #ЗдравоТаравари се пријавуваат проблеми или се фали министерот?
Јавноста веќе коментираше дека акцентот треба да биде ставен на Министерството за здравство, а не лично кон министерот. Министерот ќе се смени, но министерството и проблемите остануваат и тие треба да се решаваат. Кога станува збор за здравјето, секој во рамките на своите можности ќе стори сѐ за да го реши проблемот. Но, дали министерот има време да „четува“ и да одговара на сите пораки? Дали овие пораки ќе ја дадат реалната слика за проблемите во овој сектор? Дали овој начин на комуникација може да биде исполитизиран и тоа токму во сектор кој е многу важен во едно општество? Сѐ друго ли се реши во здравството, па сега остана овој начин на комуникација со пациентите? Или пак на крај, за жал, ќе се сведе само на себепромоција?

Ребалансот ќе го намали проектираниот економски раст
Од новиот буџет ќе трпат стопанството и фирмите
Останува перцепцијата дека ребалансот ја ослабува развојната компонента, а ја надувува социјалната компонента, со оглед на тоа дека се додаваат средства за покривање на расходот сврзан со реформата на минималната плата, се додаваат средства за стечајци, се додаваат средства за ПИОМ. Административните експерименти во економијата, без да се имаат предвид пазарните законитости, негативно ќе влијаат врз севкупната економија и нејзиниот раст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top