| четврток, 6 декември 2018 |

НСП: Во последните две недели независниот синдикат евидентира два случаја на мобинг врз полицајци

Извршено е неправилно  и незаконско постапување на затворски полициски службеници и на службеници од одделот за отсек општ криминал врз двајца полицајци, информираше денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев Тодев.

– Само во последните две недели независниот синдикат евидентира два случаја на двајца претседатели на синдикални организации. Едниот случај е со претседателот на синдикалната организација на СВР Струмица, а вториот е со претседателот на независниот синдикат на затворската полиција на сите затвори на Рапублика Македонија, истакна Делчев.

И во двата случаја според него извршен е мобинг врз полицајците од нивните надредени. Од НСП бараат од надлежните министерства да преземат мерки за неправилно и незаконско постапување на раководните лица.

Делчев апелираше до директорот на БЈБ и Министерот за внатрешни работи доколку сметаат дека има потреба, итно да почне процесот за менување на некој раководни функционери во МВР,  а се со цел, како што рече, да не им се остави простор на раководителите да вршат мобинг врз полицајците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top