Шпанскиот интернационалец Пепе Реина ќе остане во Наполи уште најмалку две сезони. Тој се договори со раководството на „наполитанците“ за продолжување на соработката и во наредниот период, иако имаше понуди и од Премиер лигата, од Њукасл и од Бурнемаут.
Сепак, Реина одлучи да остане во Неапол, а официјално договорот ќе го потпише во наредните неколку дена.
Со тоа Наполи и дефинитивно го решава проблемот со голманската позиција, а тренерот Сари наскоро на располагање ќе го има и дефанзивецот Марио Руи, кој пристигнува од редовите на Рома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент